Се огласи мајката на Даниела Штајнфелд: „ЗНАЕВ СЕ И СЕ Е ВИСТИНА“

од Stefanija Kuzmanovska
654 прегледи

Мајката на актерката Даниела Штајнфелд, Марија, првпат зборуваше јавно и рече дека ја поддржува нејзината ќерка, која го обвини актерот Бранислав Лечиќ за силување во мај 2012 година.

– Знаев сè. Каков родител би била ако не стојам покрај моето дете. Ние, родителите, ги сакаме нашите деца и цел живот сме со нив. И тоа е тоа … Сè што ќерка ми рече во интервјуто е вистина. Ви благодарам што ме поканивте, јас сум на пат и не би сакала да зборувам понатаму. Јас секогаш ќе бидам со Даниела – изјави Марија за „Република.рс“.

Да потсетиме, актерката Даниела Штајнфелд изјави во Вишото јавно обвинителство во Белград дека нејзиниот колега Бранислав Лечиќ е мистериозниот моќен човек од филмската индустрија кој ја силувал.

Даниела Штајнфелд за прв пат во својот филм „Исцели ме“ изјави дека била силувана, додека јавноста дозна пред два дена дека го обвинува Бранислав Лечиќ за тоа.

Поради овој настан, Даниела одлучила да се пресели во Америка.

Слични содржини