На Фејсбук се огласи момчето кое вчера беше приведено заедно со својот миленик од страна на полицијата за време на полицискиот час. Ова е неговата приказна:
-Бев од изутрина кај мојот другар уште кога беше терминот за шетање на миленик од 08:00 до 08:30, се задржав кај него до 14:50 часот, а следен термин е во 15 часот за шетање на миленик. Кога излегов од неговиот дом а јас живеаам на 600 метри од него на половина пат ме сопре полиција, ме праша каде одам, им кажав дека си одам дома со мојот миленик и бев да го прошетам, ме прашаа дали знаеш дека не смееш да бидеш одалечен од својот дом повеќе од 100 метра? им одговорив да јасни ми се мерките и дека не живеам на 5 километри туку живеам во близина, и си одам дома сега и нема да ми се повтори. Полицијата почнаа да ме испрашува зошто лажам, им кажав дека не лажам, тогаш еден од полицијата ми кажа дека ќе мора да бидам приведен и во станица да дадам изјава, јас и на тоа не се спротиставив и заедно со моето милениче влеговме во комбе. Искрено не сакав ова да дојде до интернет зошто јас не ја ни ставив таа снимка, но кога ги прашав во станица што ќе биде со ова и дали ќе бидам казнет, тие ми кажаа дека јавен обвинител треба да ја одреди казната, но не ми дадоа никаков документ па што ќе биде во иднина не знам, напиша момчето.