Се огласи наставничката од Србија која беше малтретирана од ученици

од Stefanija Kuzmanovska
275 прегледи

Наставничката од техничкото училиште во Трстеник (Србија), која на 9 ноември била малтретирана од ученици кога среде час и го извлекле столот, ја оставиле да падне, сето тоа го снимиле и се смееле, сега се огласи по случувањата.

„Постапката е започната, јас сум на боледување. Не можам да одам во училиштето во моментов. Се држам засега, има денови кога сум добро, има денови кога е потешко“, изјавила наставничката М.С. (44) за „Новости.рс“.

Вели дека многу ѝ значи големата поддршка од колегите.

Нападнатата професорка по англиски јазик појасни што точно се случило тој ден кога следел немилиот настан.

„Тој ден тројцата актери на инцидентот доцнеа на час. Кога се приклучија на часот, дојде до инцидентот“, изјави таа.

Додаде дека не можела да го очекува тоа што се случило потоа.

Објаснила дека само го прашала ученикот „дали тој знае дека не е учтиво да стои зад нечиј грб и во тој момент тој ѝ го извлекол столчето“.

Слични содржини