Се огласи Русија по масовните напади ширум Украина: „Ова е одговор на…“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
249 прегледи

Руските вооружени сили извршија масовен одмазднички ракетен напад врз воената инфраструктура на Украина како одговор на терористичкиот напад во областа Брјанск, се вели во соопштението на министерството за одбрана на Русија, во врска со новите масовни напади во Украина.

„Воздушно, морско и копнено оружје со долг дострел, вклучително и хиперсоничниот ракетен систем Кинжал, погоди клучни елементи на украинската воена инфраструктура, претпријатија од воено-индустрискиот комплекс, како и енергетските капацитети кои ги обезбедуваат“, соопшти министерството.

Руската армија успеа да ги погоди сите одредени цели, пренесе руската новинска агенција РИА Новости.

Се наведува дека со ракетни напади Русите успеале да ги „уништат базите на непријателските ударни беспилотни летала, да го нарушат трансферот на резервите на Вооружените сили на Украина и железничкиот транспорт на странско оружје, како и да ги онеспособат производствените капацитети за поправка на воена опрема и производство на муниција“.

Рано утринава Русија изврши напади врз неколку украински региони, вклучително и главниот град Киев, црноморското пристаниште Одеса и вториот по големина град Харков, предизвикувајќи прекин на електричната енергија, соопштија регионалните власти.

Нападот е извршен врз повеќе цели во градовите кои се протегаат од Житомир, Виница и Ривне на запад до Дњепар и Полтава во централна Украина, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини