СЕ ОГЛАСИ СИНОТ НА БОЛСОНАРО: Татко ми има потешкотии со говорот!

од Nikola Popovski

Флавио Болсонаро, синот на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, изјави денес дека неговиот татко, кој можеби треба да биде итно опериран поради проблеми со цревата, има тешкотии во говорот.

Во изјава за Си-Ен-Ен Бразил, Флавио, кој е федерален сенатор, рече дека ако неговиот татко мора да оди на операција, тоа не треба да биде сериозна постапка, објави Ројтерс.

Бразилскиот претседател во средата заврши во болница поради икање, соопшти владата. 66-годишниот водач се жали на икање од минатата недела, од кое не може да се ослободи од имплантација на заб на 3 јули.

„Тој е среќен и се чувствува добро“, се вели во официјалното соопштение, додавајќи дека Болсонаро ќе биде набљудуван во следните 24 до 48 часа, иако „не мора да е во болница“.

Претседателот минатата недела на локална радио станица изјави дека икал 24 часа на ден и дека тоа му се случувало порано, „можеби поради лековите што ги земал“.

Слични содржини