Сестрата на снаата на Цеца наводно е во врска со синот на Лепа Брена и тоа траело веќе четири месеци. Но, дали е вистина тоа?
Младиот Стефан на Инстаграм се огласи првпат по овие шпекулации, но ниту потврди, ниту пак демантираше што и да е во однос на неговата врска со Бојана Родиќ. Тој само напиша дека во овој момент приоритет му е работата, а се пофали и дека има закажан настап за Нова година.
Како што дознава српски „Курир“, тие двајца се запознале на Копаоник, слично како и нејзината сестра со Вељко, размениле телефонски броеви и долго време се допишувале. Токму поради тоа и Бојана често е во Белград. Таа не ја запоставила ни семејната фирма, па со комбето-ладилник често разнесува пилешко од Тител до пазарот во Борча.
На Стефан нејзината посветеност на семејниот бизнис му е навистина симпатична, а во ниту еден момент немал забелешка што се занимава со таа работа.