Трагедијата која се случи на концертот на Тејлор Свифт во Бразил, кога почина девојка по име Ана Беневидес, ја тресе светската јавност. Сега се огласи и таткото на несреќната девојка кој е очаен.
Во петокот непосредно пред концертот на популарната пејачка се случи несреќа. Поради високите горештини починала една од посетителите на настапот.
Најпрво се пишуваше дека трагедијата се случила за време на настапот, но музичката ѕвезда подоцна изјавила дека се се случило пред таа да застане на бината.
Таткото на младата Ана сега се огласи за бразилските медиуми.
„Ја изгубив единствената ќерка, среќна и интелигентна девојка. Следниот април требаше да дипломира психологија, штедеше пари за тоа. Немам зборови да ја изразам мојата болка. Таа излезе од дома за да си го оствари сонот и умре“, изјавил таткото за бразилски весник.
Тој бара да се истражат околностите под кои таа починала:
„Сакам да се утврди дали навистина било забрането да се носи вода, дали имало невнимание при пружањето помош“.
Имаше информации дека Тејлор Свифт му рекла на обезбедувањето да ѝ дава вода на толпата на влезот од стадионот каде што се одржува концертот, а се појавија и снимки на кои се гледа како пејачката фрла шишиња со вода кон обожавателите. Таа повеќе пати го прекинуваше настапот и бараше вода за насобраните фанови.
Како што пишуваат тамошните медиуми, Ана Беневидес се онесвестила, реанимација била извршена на стадионот и траела 40 минути, а таа доживеала втор срцев удар на пат кон болница. Починала набргу откако била хоспитализирана, пишува Page six.
Тој ден во Рио де Жанеиро имало 38 степени, но субјективното чувство било како живата во термометарот да е над оваа бројка.