Компанијата „Слобода“ oд Чачак соопшти дека денес околу 01.20 часот во компанијата „Слобода“ во Чачак дошло до пожар во издвоен дел на фабриката кој е наменет за складирање и чување на елементи за комплетирање запалки и готови производи за муниција од помал калибар.
По кратко време, пожарот прерасна во сериски експлозии, а во несреќата нема жртви и повредени.
Причинета е материјална штета на дел од просторот за складирање и на дел од елементите за комплетирање муниција.
Немало вработени лица во делот на фабриката каде избувна пожарот.
Во остатокот од фабриката, каде што се прават механички делови за комплетирање на готови производи, имало околу 60 вработени.
Кога условите дозволиле, тие беа евакуирани на безбеден начин со помош на противпожарната служба.
Надлежните истражни органи се на местото на настанот, а директорот на компанијата „Слобода“ формирал комисија која треба да ги утврди причините за несреќата.
Пожарот беше локализиран со повремени мали експлозии.
Сите понатамошни активности во компанијата „Слобода“ ќе се спроведуваат во согласност со дефинираните процедури за овој вид несреќа, се наведува во соопштението.
Фото: rina