Се олабавуваат ковид-мерките, бројот на активни случаи изнесува 6.499

од Берта Китинска
399 прегледи

Во земјава дел од мерките полека се олабавуваат мерките. Ноќните клубови и дискотеките можат да работат со 50 отсто од капацитетот на објектот, одлучи Владата, а од 15 ноември влез во затворени објекти, кафулиња и трговски центри ќе биде дозволен само за вакцинирани лица со две дози или прележан ковид-19 во  изминатите 45 дена.

Како што информираат од Владата новите мерки се донесени согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, на предлог на Комисијата за заразни болести.

-Се дозволува организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично, во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот. Се дозволува работа на барови и ноќни клубови – дискотеки, како и на угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично) во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот, велат од Владата.

Во вчерашната статистика на министерството за здравство во починатите од ковид беше забележано едно младо лице.17 годишната ученичка  според наделжните имала хронично заболување јувенилен дијабетес тип 1 и не била вакцинирана. Тегобите кај пациентката биле девет дена пред да биде примена на Инфективната клиника во Скопје и била мултидисциплинарно лекувана поради развиените компликации. Во текот на вчерашниот ден драматично се влошиле виталните параметри на пациентката, што довело до срцево белодробно попуштање. И покрај сите преземени дијагностички, тераписки и реанимациони мерки пациентката починала.

Во земјава  најмногу активни случаи има во Скопје 3258,Куманово 445 и Велес 332,додека пак само еден заблени има во Демир Капија .

Досега во земјата се направени вкупно 1.375.566 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број КОВИД – дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 201.292, на оздравени пациенти е 187.695, на починати е 7.098, а на активни случаи изнесува 6 499.

Слични содржини