483
Тифани Трамп, најмладата ќерка на Доналд Трамп од бракот со Марла Мејплс, викендов се омажи за милијардерот Мајкл Булос.
Венчавката се одржа на луксузниот имот Мар-а-Ларго на Флорида, а невестата за таа пригода промени две венчаници дизајнирани од либанскиот моден дизајнер Ели Сааб.
Тифани прво се појави во фустан со светки кој се ширеше од половината надолу, а стајлингот го заокружи со едноставен букет бели цветови.
Подоцна во ресторанот влегла во едноставен бел фустан со длабоко деколте и голем шлиц.
Семејството Трамп не ја тргна насмевката на лицата, а покрај невестата пофалби за својот изглед доби и нејзината сестра Иванка, која дојде во елегантен долг син фустан.