Се отстранува постаментот на кој стоеше споменикот на Ќосето

од Vladimir Zorba
91 прегледи

   Пред Врховниот суд во Скопје денеска се урива постаментот на кој до неодамна стоеше споменикот на Андон Јанев-Ќосето, а кој беше отстранет ноќта меѓу 21-ви и 22 февруари и однесен во магацините на Металскиот завод-Тито.

Налогот за отстранување на споменикот го издаде Градежниот инспекторат на Општина Центар по извршениот увид и утврдената фактичка состојба дека немало решение за негово поставување.

Споменикот на Ќосето таа локација стоеше од септември 2014 година како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин. Работна група во Министерството за култура утврди бројни законски прекршувања во неговото поставување.

Скопскиот гардоначалник Петре Шилегов минатиот месец најави дека на местото на споменикот ќе се засади дрво гинко.