Се отвора почесен конзулат на Македонија во Србија

од Nikola Popovski
390 прегледи

Владата на Србија неодамна донесе одлука за отворање на Амбасада на земјата во Кралството Бахреин, како и одлука за отворање конзулат во Хараре во Република Зимбабве и за именување почесен конзул во таа земја. Исто така, Владата се согласила да се отвори конзулат на Северна Македонија во Србија.

Одлуката е објавена во „Службен весник на Република Србија“.

Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија ќе биде во Чајетина.

-Се дава согласност за отворање на Конзулат на Република Северна Македонија во Република Србија, на чело со почесен конзул, со седиште во Чајетина и конзуларна област што ја опфаќа територијата на административната област на Златиборскиот управен округ, се наведува во одлуката на српската Влада.

Слични содржини