„Се отвораат можност за нови работни места“: Шилегов одржа состанок со бизнис заедницата од Визбегово

од Берта Китинска
384 прегледи

Актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, одржа состанок со бизнис заедницата од Визбегово. На состанокот присуствуваше и градоналачникот на Бутел, Велимир Смилевски.

-Вечерва во Визбегово одржав состанок со бизнис заедницата од овој регион. За стопанствениците од Визбегово од голема важност е изградбата на клучката на бул. Словенија каде набрзо започнуваат градежните работи, како и пробивање на бул. Словенија до Волково и Хасан Приштина до обиколница во правец на Косово, со што ќе се овозможи посилен економски развој на овој дел од градот.Изградбата и проширувањето на бул. Никола Карев и со изградбата на проектот кај Момин Поток, отвораат можност за нови работни места и подобрување на локалната економија. Како градоначалник на Град Скопје потенцирав дека ќе продолжиме со вложувањата во инфраструктурата затоа што приоритетите на граѓаните и бизнис заедницата секогаш ни се на прво место, рече Шилегов на средбата.

Слични содржини