Се подготвува ли терен за амнестија на обвинетите од Титаник?

од Vladimir Zorba

Уставниот суд за утре закажал седница на која ќе се расправа за барањето да се смени законот за помилување, објави ТВ Телма.

 

ustaven-sud

Уставниот суд ќе одржи седница по доставено барање за измена на законот за помилување со кои ќе му се овозможи на претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни нерегуларности. Законот предвидува претседателот да не може да амнестира лица кои се осудени за кривични дела против изборите.
Судијата известител, Никола Ивановски според извори на Телма добил барање да се стави на дневен ред на утрешната седница предлогот за измена на Законот кој во 2009-та го потпиша тогашниот претседател Бранко Црвенковски, а во кој се наведува дека претседателот нема повеќе да има надлежност да помилува лица кои ќе бидат осудени за изборни нерегуларности.
Седницата е закажана за 9 часот изутрина.
Овој предлог следува по оформувањето на предметот од Специјалното Обвинителство за изборни нерегуларности направени за време на локалните избори 2012 година, а со кој се опфатени и поранешните функционери во владата и членови на ВМРО-ДПМНЕ Миле Јанакиевски,Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски и уште неколку лица./ ТВ Телма

loading...

Слични содржини