Се подготвуваат протоколите: Дали на 1 септември училишните клупи ќе останат празни ќе зависи од епидемиолошка слика

од Берта Китинска
301 прегледи

Дали на 1 септември  училишните клупи и дворови ќе останат празни ќе зависи од тогашната епидемиолошка слика и од бројот на позитивни лица на коронавирусот во земјава.

Министерството за образование  работи на реорганизација на воспитно-образовниот процес. Една од опциите е воведување смени за да се обезбеди учење со помал број присутни ученици или далечинско учење.

„Владата треба да ги рзгледа документите кои ги подготви Бирото за развој на образование и работната група, да дадеме мислења, насоки и дополнувања. Се надевам дека навремено, до првата половина од август, сите тие протоколи, планови и стратегии ќе бидат презентирани пред јавноста и училиштата ќе имаат доволно време да се подготват за почетокот на новата учебна година“, изјави за 24ТВ заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска.

Според министерот за здравство, Венко Филипче, мора да бидеме свесни апсолутно сите, дека ако не се придржуваме до мерките и има зголемена трансмисија на вирусот и поголем број пациенти, повторно ќе се воведат рестриктивните мерки.

„Есенските месеци лично сметам дека ќе бидат голем ризик за влошување на ситуацијата со тоа што отворање на градинки, училишта и повторно поголема комуникација меѓу младите луѓе е дополнителен ризик и затоа и се овие подготовки, на дополнитени кревети, надвор од сегашните болнички капацитети. Таа повторна фревенција на дружење на младите во школите и во градинките. Есенските месеци со поладно време, неможноста граѓаните да чекаат ред надвор, е се дополнителен ризик“, посочи Филипче.

Како мерка за спречување на ширењето на пандемијата со ковид-19, властите донесоа одлука да се затворат училиштата, градинките и факултетите од 11 март. Учениците останаа дома и наставата ја следеа од далечина.

Реакции за далечинскот учење во јавноста имаше многу, од критики за неподготвеноста на системот и системски пропусти па до охрабрувачки пораки дека ,сепак, е најважно децата да не заостануваат и да стекнуваат знаења и на поразличен начин од класичното образование.

Министерството за образование пред еден месец на својата веб-страница ја објави нацрт верзијата на Концептот за развивање систем за образование од далечина во основните и во средните училишта.

Во документот кој има 66 страници е наведено дека ова е иницирано поради актуелната сотојба со корона вирусот, поради која образовниот систем секаде во светот претрпе промени во начинот на реализација на наставата.

-Концептот за развивањена системот за образование од далечина треба да обезбеди непречено одвивање на едукацијата на учениците во основните и во средните училишта од 1 септември 2020 година, преку прилагодување на процесот на новонастанатата ситуација и реалност, се наведува во документот што го објави МОН.

Како мерка за спречување на ширењето на пандемијата со ковид-19, властите донесоа одлука да се затворат училиштата, градинките и факултетите од 11 март. Учениците останаа дома и наставата ја следеа од далечина.

Реакции за далечинскот учење во јавноста имаше многу, од критики за неподготвеноста на системот и системски пропусти па до охрабрувачки пораки дека ,сепак, е најважно децата да не заостануваат и да стекнуваат знаења и на поразличен начин од класичното образование.

Слични содржини