Се појави Ким: Одржа состанок и издаде една битна наредба

од Aleksandar Petrovski
133 прегледи

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун присуствуваше на состанокот на владејачката Комунистичка партија, на која се разговарало за економски проекти, вклучително и планови поврзани со хемиската индустрија, објави државната новинска агенција КЦНА.

Според Ројтерс, дводневната средба на Политбирото на партијата се одржува во време на економска неизвесност поради пандемијата на вирусот корона во Северна Кореја и меѓународните санкции наметнати на Пјонгјанг заради неговата нуклеарна програма.

Како што објави КЦНА во неделата, на состанокот се разговарало за „клучни прашања поврзани со развојот на самоодржлива економија и подобрување на животниот стандард на граѓаните“.

На состанокот на Политбирото, во неколку наврати се зборувало дека хемиската индустрија е главната основа на националната економија.

На состанокот Ким ја истакнал потребата хемиската индустрија да ги „зголеми капацитетите при производство на ѓубрива“ како главен приоритет.