Новинар на кинески државен медиум во неделата објави ново, неaвторизирано видео и фотографија од тенисерката Пенг Шуаи, чија судбина ја загрижува тениската заедница по нејзините обвинувања против поранешен висок кинески функционер.
Новинарот на „Глобал Тајмс“, Кингкинг Чен, објави видео од седум секунди на Твитер на кое се гледа како Пенг разговара со поранешната кошаркарска ѕвезда Јао Минг.
Видеото на новинарот и го испратил пријател и е снимено за време на промоција на нордиско скијање во Шангај.
Шуаи Пенг , некогашната светска тенисерка број еден во двојки, на почетокот на ноември го обвини поранешниот вицепремиер Џанг Гаоли дека ја принудил на секс пред три години.
Нејзината порака објавена на социјалните мрежи веднаш беше цензурирана и 35-годишната тенисерка исчезна од очите на јавноста три недели, предизвикувајќи загриженост во тенискиот свет.
На фотографијата објавена во неделата се гледа како Пенг позира со Јао Минг и уште двајца кинески спортисти: морнарот Ксу Ли и поранешниот пингпонгар Ванг Личин.
Зад нив можете да го видите Шангајскиот мост Јангпу и натписот „ФИС крос-кантри скијање во Кина Сити Тур“. Во саботата се одржа етапата во Шангај на нордиската скијачка патека, пренесува државниот медиум CGTN.
Twitter инаку не е достапен во Кина. Може да го користат само луѓе со VPN систем.