Се појави уште еден необичен симптом на сојот омикрон

од Берта Китинска
683 прегледи

Според последните податоци, бројот на пациенти во Велика Британија е значително зголемен, а се повеќе луѓе се жалат на истото. Имено, Британците кои ја користат апликацијата ZOE за симптоми на корона вирусот се почесто ја пријавуваат болката во увото како нов симптом, а многумина се жалат и на тинитус.

Како резултат на тоа, апликацијата го додаде овој симптом во своето неделно рангирање на најчесто пријавени симптоми на коронавирус. Болката во увото била присутна кај оние кои биле инфицирани со омикрон и претходно, но се покажало дека е многу почеста отколку што се мислело.

Минатата година, студија на тим експерти од Универзитетот Стенфорд, предводена од д-р Константин Станковиќ, покажа дека омикронот може да предизвика проблеми со слухот.
Студијата објави симптоми вклучувајќи силна болка во увото, вкочанетост во увото, па дури и привремено губење на слухот, што исто така може да продолжи дури и откако ќе помине инфекцијата со коронавирус.

– Болката често се поврзува со тинитус. Изненадувачки, овие симптоми, иако поретки, може да се појават и кај пациенти кои биле вакцинирани – истакна д-р Станковиќ.
Таа ги советуваше сите кои имаат проблем со слухот или зуењето во ушите, како и вртоглавица, да се тестираат за ковид.

Слични содржини