По гласините дека Google работи на Lite модел на актуелниот Pixel 3, на интернет се појави информација и за XL верзија на уредот.

Сајтот 91 Mobiles објавува заедно со @OnLeaks рендери за кои се тврди дека се Google Pixel 3 Lite и Pixel 3 Lite XL.
Рендерите не се официјални, но се базираат на информациите што ги доби @OnLeaks.
Според нив, телефонот ќе има 6-инчен дисплеј со резолуција 2220×1080 пиксели, што е помалку од стандардниот Pixel 3 XL кој нуди 6.3-инчен дисплеј (2960×1440).
Остатокот од дизајнот на куќиштето е сличен на оној на тековниот модел.
Големата разлика е во тоа што Lite изданието нема намалување на екранот.
Во моментов нема информации за останатите параметри, но очекувањата се за процесор Snapdragon 670, 4 GB RAM,
12-мегапикселна главна камера, 8-мегапиксели сензор за селфи и 32 GB меморија за апликации.