Се поплави кабинетот на градоначалникот на Шуто Оризари

од desk2
80 прегледи

Актуелниот градоначалник на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, испрати фотографии од неговиот поплавен кабинет. Како што вели тој, канцеларијата постојано е во ваква состојба кога врне дожд.

„Според сведоштвата на вработените, ваквата ситуација е константна со години поради лошата кровна конструкција. Претходниот градоначалник Елвис Бајрам наместо да интервенира во кровна реконструкција, инвестирал во проширување и реновирање на сопствената канцеларија“, вели Дудуш.

Тој вели дека општината е под ризик од избивање на поголем проблем поради протекување вода директно во струјната инсталација.