1,K
Педесетгодишна жена која 27 години водела битка со стерилитет се породила во гинеколошко-акушерската болница во Чаир, објавија денес од болницата.
Како што се наведува, 50-годишната мајка од Кичево досега е најстарата жена која се породила во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во скопската општина Чаир.
„Таа е од Кичево, а се породи завчера. Жената и бебето се во добра здравствена состојба и наскоро ќе бидат пуштени дома“, соопштиле од болницата.