Сè повеќе луѓе страдаат од несоница – германски експерт објаснува како полесно да заспиеме

од Vladimir Zorba
365 прегледи

ВО ВРЕМЕ на пандемија, повеќе луѓе од вообичаено почнаа да страдаат од несоница. Загриженоста за личното и здравјето на најблиските, финансиските проблеми и ограничените социјални контакти предизвикуваат стрес и несигурност.

„Напнатоста е непријател на добриот сон“, вели психологот д-р Ханс-Гинтер Вес, еден од водечките експерти во Германија за нарушувања на спиењето и член на извршниот одбор на Германското друштво за истражување на сонот (ДГСМ).

„Фактот дека нашите денови се помалку структурирани ја влошува ситуацијата“, додава д-р Дора Триче, директор на лабораторијата за спиење во болницата Нирнберг и исто така член на ДГСМ.

Луѓето кои се принудени на работа од далечина, на пример, немаат просторно растојание помеѓу работното место и местото за одмор. Во исто време, тие се помалку изложени на дневна светлина и помалку вежбаат.

„Кога поминувате толку време во затворено, вашето тело не ја разбира добро дневната промена на светлината и темнината“, вели Триче. „Затоа можеби автоматски не сте поспани навечер“.

За некои, работата од дома помага

Но, за некои, работата од дома помага кога станува збор за подобар сон, особено за оние кои секогаш се подолго време мамурни наутро и им е тешко да станат на работа. Сега тие можат да спијат подолго и да се чувствуваат поодморено.

Без разлика дали несоницата е поврзана со пандемија или не, експертите за спиење имаат неколку совети.

„За да заспиете лесно, мора да се чувствувате безбедно и опуштено, тоа се однесува на сите“, истакнува Вес, но како да се постигне тоа зависи од личност до личност.

„Дефинитивно треба да пробате. Тоа им помага на многумина ако работите што го попречуваат спиењето се држат подалеку од спалната соба“, вели Вес.

И затоа, ако сте ја претвориле вашата спална соба во домашна канцеларија, треба да спиете во друга просторија. И, ако тоа не е можно, по завршувањето на работниот ден, одделете ја работната маса со преграда.

Триче советува да се прави што помалку работа што не е поврзана со спиењето во кревет, како што е гледање телевизија. „Вашиотт ум треба да знае дека креветот е место за спиење. Треба да одвоите време и психички да се дистанцирате од секојдневните проблеми пред спиење, а тоа значи да не гледате вести или ток-шоуа за пандемијата пред спиење затоа што може да ве вознемири“.

Совет од експерт

Но, мислите понекогаш продолжуваат да доаѓаат, без оглед на тоа што правите. Ако се вртите во кревет, Вес ве советува да станете.

„Колку и да е тешко, треба да останете смирени“, рече тој, објаснувајќи дека лежењето будно и вртењето уште неколку часови додека не заsвони алармот само го влошува стресот, а стресот не доведува до сон.

Кога станувате од кревет, треба да направите нешто релаксирачко како слушање лесна музика. „Во одреден момент, дремливоста ќе дојде сама по себе“, вели Триче.

За да избегнете такви ситуации воопшто, би било добро да легнете не затоа што е време да одите во кревет, туку кога сте навистина поспани.

Добриот сон зависи и од количината на физичка активност и изложеноста на свеж воздух во текот на денот. Спалната соба треба да биде тивка и темна и препорачливо е да се избегнуваат електронски уреди бидејќи сината светлина што ја емитуваат нивните екрани го потиснува ослободувањето на мелатонин, хормон кој нè успива.

„Затоа ги советувам оние кои имаат проблеми со несоница да читаат книга или да прелистуваат списание пред спиење“, забележува Триче.

Ако сè друго не успее и спиете лошо најмалку три ноќи неделно за подолг временски период, најдобро е да посетите специјалист. „Добриот сон е регенеративен и важен за здравјето“, заклучила таа.

Слични содржини