Бројот на починати од компликации со ковид 19 секојдневно расте. Вчера 32 лица ја изгубија битката со ковид-19,а најмладите имаа 32 и 34 години.
Според билансот, 5 починати лица се од Гостивар (61г,61г,64г,81г и 82г), по 4 починати лица од Скопје (34г,57г,68г и 70г), Тетово (49г,56г,75г и 85г) и Кичево (55г,66г,72г и 72г), 3 починати лица од Струга (73г, 76г и 82г), по 2 починати лица од Куманово (50г и 70г), Прилеп (32г и 75г) и Штип (72г и 87г), и по едно починато лице од Струмица (54г), Гевгелија (50г), Кочани (64г), Радовиш (62г), Охрид (77г) и Делчево (72г).
Најмногу заразени има во Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, додека најмалку има во Демир Капија, Пехчево и Дојран.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 175.624, бројката на оздравени пациенти е 155.646, на починати е 5.901, а бројот на активни случаи изнесува 14.077.