Се повеќе странци ја посетуваат Македонија, во август имало над 102 илјади туристи

од Nikola Popovski

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2023 година изнесува 216 872, од кои 52.9 % се домашни туристи, а 47.1 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во август 2023 година изнесува 877 138,  од кои 114.811 (52,9%) биле домашни, а 102.061 (47,1%) странски туристи.

Во периодот јануари – август 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите
е зголемен за 22.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.4 %, а кај странските има зголемување за 42.4 %.

Во периодот јануари – август 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата
е зголемен за 9.6 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.2 %, а кај странските има зголемување за
25.5 %.

Слични содржини