Се прави нова планинска велосипедска патека на Водно (ФОТО)

од Берта Китинска
За развој на велосипедскиот туризам и љубителите на планинарскиот велосипедизам, како дел од проектот „Велосипедски парк Водно“, неодамна започна уредивањето на нова планинска велосипедска патека на Водно, велат од Град Скопје.
„Новата планинска велосипедска патека со вкупна должина од 3.432 метри ќе се протега од полициската станица па се до Средно Водно. Таа е со променлива широчина (најмногу до 3 метри) и што е важно ќе биде посебна патека наменета исклучиво за велосипедистите, односно целосно одвоена од патеките на Водно што се наменети за пешаци и планинари. Ова доаѓа како одговор на потребата за зголемување на безбедноста на сите посетители на Водно, преку физичко одвојување на велосипедистите од пешаците и планинарите“, соопштија од Градот.

 

Слични содржини