Се препорачува исклучително внимателно возење!

од Vladimir Zorba
62 прегледи

ЗАБРАНИ ЗА СООБРАЌАЈ: Забрана за тешки товарни возила има на крак Маврово-Дебар

 СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат.

 

 ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

 

            ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

 

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

 

ЗАТВОРЕН ПАТЕН ПРАВЕЦ: Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид (преку национален парк Галичица) од 15.11.2016 до 01.04.2017 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да се обраќаат само до месноста “Kорита”.

 

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На 27.11.2016 година во 11:30 часот целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.

 

            ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

 

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на граничниот премин Деве Баир кон Бугарија каде за излез од Македонија се чека до 30 минути. Оваа информација  се однесува за македонската страна на премините.

 

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА:

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

Снежната покривка од овој снежен бран насекаде  во земјава се зголеми, на  повеќе места за 20 до 30 cm. Утре и за време на викендот времето ќе биде стабилно, а утринските температури ќе бидат во опаѓање и  наекаде под нулата. Нови локални  врнежи од снег и дожд, но со послаб интензитет се очекуваат од понеделник во вечерните и ноќните часови и во вторник.