Се претставил како бајач и украл златен накит од постара жена

од Nikola Popovski

Измамник, кој се претставувал како бајач, украл накит од скопјанка, информираат од МВР.

-На 07.07.2021 во 15.00 часот во Полициска станица Карпош, 68-годишна жена од Скопје пријавила дека во текот на јуни 2021 во нејзиниот дом на подрачјето на Карпош дошол М.Ш. кој ја довел во заблуда, претставувајќи се како бајач, при што пријавителката на 30.06.2021 на М.Ш. му дала златен накит кој наводно го закопал во нејзиниот двор, велат од полицијата.

„Откако жената се посомневала, на наведеното место не нашла ништо и сфатила дека е измамена“, додаваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини