Се продава портрет на Мао од Енди Ворхол за 15 милиони долари

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Портрет на поранешниот кинески лидер Мао Дзедун, дело на Енди Ворхол, ќе биде продаден на аукција во Хонгконг следниот месец, а се очекува да собере над 15 милиони долари. Класичното дело од 1973 година на легендарниот уметник се продава од “Сотби” и очекуваната сума е највисока за слика продадена во Азија.

Одлуката на аукциската куќа што да го продаде делото во Азија доаѓа во позадината на веќе зголемената побарувачка на уметнички дела во регионот. Пред неколку години дела на Ворхол, меѓу кои и насликаниот Мао, беа отстранети од негова изложба при прикажувањето во Шангај и Пекинг во 2013 година, кога организаторите изјавија дека одлуката е нивна и на кинеските власти, кои изразиле загриженост во врска со нив.

Иако останува еден од основоположниците на комунизмот во Кина, сликата на Мао се гледа со разнородни чувства Од “Сотби” изјавија дека се надеваат сликата дека нема да предизвика политички проблеми.

“Се надеваме луѓето да не бидат запрени од какви и да било политички прашања … Овде зборуваме за сериозна уметност”, изјавија од куќата. Сликата на кинескиот лидер претставува негов портрет, со додадена шминка – сенка за очи и кармин.