Се проширува опфатот на програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Владата на Република Северна Македонија го разгледа и прифати Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот  за 2023 година.

Со Оперативниот план за 2023 година, како што беше образложено од страна на предлагачот, Министерството за труд и социјална политика, се проширува опфатот на програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година, со што  ќе се обезбеди креирање нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица, посебно на младите, на долгорочно невработените и на корисниците на права  по основ на гарантирана минимална помош.

Со Оперативниот план за 2023 година посебен акцент се става на младите невработени лица до 29 години, долгорочно невработените како и на корисниците на гарантирана минимална помош.

Новина во Планот е тоа што нискоквалификувани лица, со завршено минимум основно образование може да се вклучат во мерките за вработување.

Сите евидентирани невработени лица и работодавачи имаат пристап до програмите, односно мерките и услугите за вработување. Правото за учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна програма односно мерка и услуга за вработување, а како општо правило се настојува да се постигне еднаква застапеност на мажи и жени, согласно Законот за еднакви можности на жените и мажите, како и учество на младите лица до 29 години од најмалку 40% во секоја од програмите и мерките и услугите за вработување.

Носител на Оперативниот план е Министерството за труд и социјална политика, а неговата имплементација е во надлежност на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, во партнерство со други одговорни институции и организации.

Слични содржини