Се ранил чистејќи пиштол

од Nikola Popovski

Жител на Куманово се ранил чистејќи го својот пиштол, извести МВР.

-На 26.03.2023 во 19.24 часот во СВР Куманово било пријавено дека С.Ц.(48) од Куманово во својот дом во с.Тромеѓа, кумановско, чистејќи го својот пиштол, испукал куршум со кој се повредил, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување лекарска помош, информираат од полицијата.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Слични содржини