Се распаѓа „Куќата од карти“ на Трамп

од Vladimir Zorba
123 прегледи
 Како резултатите во Италија ја враќаат заканата за Еврозоната?Се распаѓа „Куќата од карти“ на Трамп

„Куќата од карти“ * на американскиот претседател Доналд Трамп досега се карактеризира со две константи: бучни најави и уште побучни разделби.

Откако голем број консултанти, оратори и стратези си заминаа од Белата куќа, сега си заминува и економскиот консултант Гери Кон. Поранешниот претседател на инвестициската банка „Goldman Sachs“ беше длабоко посветен на даночната реформа на Трамп.

Како цврст поддржувач на светската слободна трговија сепак тој беше постојано вознемирен од политичкиот воинствен стил на својот командант, кој сега сака да наметне царини на челикот и алуминиумот. За него била чест беше да и служи на својата земја, прокоментира Кон на заминување. Сега последниот консултант на Трамп од областа на финансиите останува Стивен Шварцман, извршен директор на „Blackstone Group“.

Говорејќи денес за САД, често доаѓаме до две теми – даноци или оружја. Малку внимание во Европа сепак наоѓа проблемот со опијатите, морничавиот бум на зависност од лекови против болки. Меѓу јули 2016 година и септември 2017 година имало 142.000 случаи на предозирање во американските болници (зголемување за 30%), пријави надлежниот орган на САД – тоа е „сериозен аларм за сериозен проблем“.

Повеќе од 400 градови и региони тужат производители како „Johnson & Johnson“, трговци како „McKesson“ и голем број аптеки. Според тврдењата, тие ги прекршиле своите должности.

Оваа национална трагедија сигурно ќе го надмине мандатот на Доналд Трамп.

Во меѓувреме, поранешниот главен политички стратег на американскиот претседател Доналд Трамп – Стив Бенон, уште еден од советниците кој поднесе оставка, е на турнеја во Европа со идеите за „конзервативна револуција“. Во Цирих, поранешниот консултант на Трамп ја пофали Швајцарија доцна во вторникот во една претворена индустриска сала пред повеќе од 1.000 слушатели, пишува германски „Handelsblatt“. Пофалбата е поради ставот на конфедерацијата против ЕУ и поради политиките на десничарскиот мултимилионер Кристоф Блохер: „Тој беше Трамп пред Трамп“, рече Бенон.

Домаќин на политичкото шоу бил пријателот на Блохер – Роџер Копел од „Weltwoche“, на кој очигледно му се допаднале овие чудни ласкања. Пред тоа, лидерот на фракцијата на германската крајно-десничарска партија „AfD“ – Алис Вајдел доби вредни совети од Бенон за начините за коректна комуникација во Берлин.

* Куќа од карти (House of Cards) – американска серија која ја следи политичката корупција и задкулисните игри во Вашингтон