Тинејџерката Изабел Кејси, од Велика Британија патувала 7.500 километри за како полнолетна личност, своето прво пиво, да го испие во пабот во кој неочекувано се родила.
Нејзината мајка Никол ја родила на 14 февруари 2002 година во Хартфорд Мил пабот во Вајтон, недалеку од Кембриџ. Семејството во 2006 година се преселило во Ванкувер, но ветиле дека ќе се вратат за да го прослават полнолетството на ќерката, пишува BBC.
„Ќе испие пинта (малку повеќе од половина литар), бидејќи тоа е дел од нашето наследство“, рекол таткото на Изабел.
Неговата сопруга, тогаш медицинска сестра, почувствувала силни контракции додека пиела кафе во пабот со пријателите.
Кога дошол таткото Неил, тргнале кон болница, но на паркингот пред пабот и пукнал водењакот, па се вратила во пабот и таму ја родила Изабел. Токму поради тоа, подоцна одлучиле дека првото пиво ќерката ќе го испие токму во тој англиски паб.
Младата Изабел, која се надева дека наредната година во Британија ќе студира Биологија, рекла дека е многу взобудена што ќе се врати на местото каде што е родени и дека нејзината приказна е многу „кул“.