Се самоуби бугарскиот војник кој бил одговорен за инцидентот за време на воените вежби со Американците

од Nikola Popovski

Бугарски војник кој бил одговорен за одржување на воени вежби на аеродромот Чешнегирово во Бугарија во мај годинава, изврши самоубиство, пренесува бугарскиот весник „24 часа“.

Како што се наведува, поручникот Тодор Манчев бил пронајден мртов со прострелна рана на полигонот „Ново Село“. Според медиумите, човекот бил одговорен за логистиката за време на воените вежби на 11 мај и бил обвинет дека поради него војниците не го извршиле слетувањето таму каде што било планирано. Откако воената полиција го провери инцидентот за време на воените вежби, Манчев и неговиот асистент добија опомени.

Министерството за одбрана ги нарече манипулации извештаите во медиумите за смртта на војникот. Од таму потврдија дека војникот починал, но нагласија дека министерот за одбрана Георги Панајотов не применил казнени мерки против Манчев, со што заклучиле дека војникот не е виновен за инцидентот.

Да потсетиме, инцидентот се случи на почетокот на мај за време на заедничките воени вежби. Задачата беше војниците да слетаат на аеродромот Чешнегирово во Бугарија, но по грешка, учесниците во маневарот од САД скокаа со падобран до фабриката за производство на нафта, недалеку од аеродромот.

Слични содржини