62
Попладнево околу 14:45 часот, на крстосницата меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Климент Охридски“, кај Соборниот храм во Скопје, се случи сообраќајна несреќа меѓу автомобил марка „ауди“ и моторцикл. Според првичните информации, „аудито“ со предниот десен дел удрило во моторот, а моторциклистот бил веднаш пренесен со Брза помош поради сериозноста на ударот.
Полицијата извршува увид на местото, при што е затворена првата лента на „Партизанска“, а сообраќајот го регулира сообраќаец. Се советуваат возачите да користат алтернативни патишта.
Фото: Локално.мк