751
Голем пожар, кој наводно е предизвикан по експлозија, кај старата фабрика „Треска“, ги натера вработените во продавницата „Динамикс“ на ул. Рузвелтова да ги спасуваат своите мотоцикли.
Граѓаните кои се најдоа на лице место се сведоци на несекојдневна ситуација во која се наредени над 50-тина мотоцикли на улицата.
Инаку пожарникарите веќе се на теренот и се обидуваат да го совладаат пожарот во центарот на Градот. Полицијата веќе ја блокираше „Рузвелтова“ со цел полесен пристап на возилата.
ФОТО/ВИДЕО: Локално