Се сруши пешачки мост во Финска: Повредени повеќе од 20 лица, повеќето од нив деца

од Stefanija Kuzmanovska
235 прегледи

Повеќе од 20 лица, од кои повеќето се деца, се повредени денеска при уривање на привремен пешачки мост во финскиот град Еспо, недалеку од Хелсинки, соопшти спасувачката служба.

Според управата на болницата во Хелсинки, повредите не се опасни по живот, пренесува „Ројтерс“.

Станува збор за деца кои биле дел од група ученици од осмо одделение кои се враќале од екскурзија, пишува финскиот весник „Хелсинг саномат“.

Слични содржини