Во четвртокот утрото било пријавено дека две медицински сестри вработени во Клиниката за кардиологија се степале.

Имено, во 08.20 часот било пријавено дека во Клиниката за кардиологија при комплекс клиники “Мајка Тереза“ поради претходно меѓусебно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу М.Т.(47) и Д.Р.(41) и двете од Скопје, вработени како медицински сестри.
По преземени мерки против лицата е поднесен соодветен поднесок.