Се стресе тлото на дел од Македонија

Според ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер

од Nikola Popovski
18 прегледи

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) објави утрово дека во 7 часот и 20 минути е почувствуван земјотрес на територијата на Македонија.

Според ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.

Како што се пренесува, епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.

Засега нема информации за повредени лица или предизвикана материјална штета.