Се стресе тлото на Македонија, регистриран земјотрес

од Nikola Popovski
132 прегледи

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди Албанија во близина на Скадар, предизвика потреси низ целиот регион. Граѓаните од Улцињ, Челуга и Добри Води пријавиле силни потреси, наведувајќи дека „јасно го почувствувале земјотресот“.

Граѓаните ги опишале своите искуства на Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција (ЕМСЦ): „Улцињ се тресеше“, „Многу се тресеше“, „Беше силно“, се дел од коментарите…

Земјотресот бил забележлив и во Шушањ, додека во Подгорица, на околу 60 километри од епицентарот, граѓаните пријавиле поблаги потреси.

Земјотресот бил почувствуван во Македонија и низ цела Албанија. Освен во Црна Гора, и жители на Скопје пријавиле дека почувствувале како се тресе тлото. Земјотресот бил почувствуван во неколку градови низ Албанија, вклучувајќи ги Драч, Тирана и други области.

Според податоците на ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил лоциран на 57 километри југоисточно од Подгорица и 14 километри јужно од Скадар. Хипоцентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од приближно 7 километри под површината на земјата.

Засега нема информации за причинета материјална штета од овој земјотрес.

Слични содржини