Се стресе тлото во Македонија

од Nikola Popovski
213 прегледи

Утрово земјотрес ги погодил јужните делови од Македонија, поточно подрачјето на Битола и околината.

Според ЕМЦС, земјотресот е со епицентар на шест километри источно од Лерин, Грција.

-Потресот се случил во 11:29 часот по локално време, односно во 10:29 часот по македонско време и бил со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала, стои во објавата.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 14.12.2022 година, регистрира земјотрес на 124 км југозападно од Скопје, во Република Грција.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 10.29 часот со Рихтерова локална магнитуда ML3.2 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала

Слични содржини