Се стресе тлото во Македонија

од Nikola Popovski
170 прегледи

Потрес регистриран на тлото на Албанија, денеска ја стресе и Македонија.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), потресот се случил пред 12 часот, бил со интензитет од 3,9 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 23 километри источно од Елбасан, 10 километри јужно-југоисточно од градот Либражд и на длабочина од два километри.

Со послаб интензитет, земјотресот бил почувстван во Преспа, Охрид и околините предели.

Се чека официјална потврда од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот универзитет во Скопје.

Слични содржини