Се тестира заштитна маска која детектира коронавирус

од Elena Daskalova
411 прегледи

Во екот на епидемијата на коронавирус, повеќе тимови лекари и научници се здружија за да најдат вакцина и соодветен третман, но и да тестираат нов производ кој би можел да спречи натамошно интензивно ширење на заразата.

Се работи за заштитни маски кои би можеле да детектираат инфекција во рок од неколку часа, односно максимум 12 часа. Тие се наменети за поширок спектар на белодробни заболувања, вклучувајќи ги и коронавирусот и туберколозата.

Присуството на заболувањето се детектира благодарение на кондензацијата од дишењето во внатрешната страна. Потоа, со лабораториски испитувања врз маската, се проверува на кое заболување бил позитивен пациентот.

Овој производ е во фаза на испитување, но истиот се верува дека би бил пуштен во слободна продажба, најпрво во Велика Британија, а потоа и во аптеките низ целиот свет, за помалку од два месеца. Се очекува една маска да чини околу 2 фунти, односно околу 15 денари.

Слични содржини