Во Полициската станица Карпош ноќеска, кратко по полноќ, било пријавено исчезнување на 13-годишен штитеник од Јавна установа за згрижување на деца. Станува збор за малолетникот А.Х., кој според информациите и претходно знаел да се оддалечи од установата, но секогаш бил вратен назад.
-Денеска (08.09.2025) во 00.40 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник А.Х.(13), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад, стои во полицискиот билтен.
Министерството за внатрешни работи потврди дека веднаш се преземени сите потребни мерки и активности за лоцирање и пронаоѓање на детето.