Се тресе тлото во земјава: Регистрирани два земјотреси после полноќ

од Nikola Popovski
344 прегледи

Доцна вечерва регистриран беше нов земјотрес во земјава, со јачина од 3,2 степени според Рихтер.

Според податоците на ЕСМЦ, епицентарот е во гостиварско, односно регистриран на 19 км северо-западно од Гостивар.

Претходно земјотрес со магнитуда од 2,9 степени по Рихтер точно на полноќ, беше регистриран на 28 км западно од Кичево.

Вчера беше регистриран земјотрес со јачина до 4,6 степени по рихтер, по што следуваат и неколку афтер шокови.

Слични содржини