Лебот, шеќерот, брашното, зејтинот, млекото, свежото месо, оризот и јајцата ќе се продаваат без ДДВ, информираше денска премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција каде го соопшти пакетот од вкупно 26 мерки за да се спречи ценовниот шок.
-Ја намалуваме повластената стапка на ДДВ за основните производи за исхрана од 5 на 0%. Основните производи на кои ќе се однесува оваа мерка се леб, шеќер, брашно тип 300, сончогледово масло за јадење, трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца. Ги замрзнуваме маржите на основните производи за исхрана. Со оваа мерка спречуваме на наднормален профит,а ќе се влијае на ублажување на влијанието на ценовиот шок врз одбрана категорија на прехранбени производи. Предвидуваме субвенции, односно ваучери за најранливите категории на граѓани за основни производи за исхрана. Тоа се ваучери од 1.000 денари месечно за период од три месеци за околу 35.000 граѓани. Истите би се користеле за купување на основни производи. Воведуваме автономна мерка за увоз на основни прехранбени производи и суровини кои имаат царински давачки од сите земји, рече Ковачевски.