Се урна авион во Франција, загинаа најмалку пет лица

од Nikola Popovski

Најмалку пет лица загинаа денеска кога мал патнички авион се урна на југоистокот на Франција, јавуваат француските медиуми.

Француската телевизија „BFM“ пишува дека патнички авион од типот „Жодел Д140“ се урнал денеска во 16 часот и 50 минути во близина на градот Адрец, во Изер, на југоистокот на Франција.

Телата на жртвите, додава телевизијата, се пронајдени во целосно јагленисана состојба. Според француската телевизија, меѓу жртвите, од кои има најмалку пет, има и едно дете.

Се уште не е познато како дошло до несреќата.

Слични содржини