Се уште без одлука за стартот на учебната година и спроведувањето на наставниот процес, разговорите продолжуваат

од Nikola Popovski

Комисијата за заразни болести денеска не донесе одлука за конечниот модел на спроведување на наставниот процес.

Од Министерството за здравство преку соопштение информираат дека разговорите ќе продолжат и следните денови, се со цел да се изнајде и договори најдобро и најбезбедно решение за начинот на одвивање на наставата. Се дискутирало за здравствените протоколи за реализација на наставата и можноста за започнување на учебната година од 1 септември, но бидејќи се бара најдоброто и најбезбедно решение за учениците и сите вработени во образованието, не е донесена никаква одлука.

Иако министерот за образование и наука, Адеми, илезе од изолација, остана изолиран и недостапен за медиумите и одговор зошто  одлука се уште нема, откако во петокот се пофали дека мнозинството анкетирани родители  од МОН се за настава со физичко присуство.

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура СОНК, преку кратко соопштение на Фејсбук изразија надеж дека при носењето на одлуката во фокус ќе се стави здравјето на децата.

Слични содржини