Се уште е рано е за симнување на маските, иако според податоците сме во зелена зона

од Nikola Popovski
322 прегледи

Денес се очекува Главниот кризен штаб да ги одобри новите препораки на Комисијата за заразни болести, а Владата на седница да ги усвои.

Една од препораките е да се ослободат учениците од основните училишта од носење маски. Министерот за здравство Беким Сали изјави дека посакува сите да бидат ослободени од маските, но сепак реалната состојба не го дозволува тоа.

– Секој ден има од 250 до 300 новоинфицирани што значи сè уште не сме на нивото што го посакуваме. Новоинфицираните ни се показател дека вирусот сè уште кружи низ населението. Според податоците ние сме во зелена зона, но сè уште не сме за симнување на маските, рече Сали.

Од Комисијата за заразни болести соопштија дека мерките ќе се олабавуваат или заоструваат во зависност од епидемиолошката состојба и доколку таа се влоши и се зголеми ризикот, може повторно во сила да се вратат истите мерки.

-Кризата со ковид-19 се уште не е надмината и ги повикуваме сите граѓани да пристапат кон вакциналните пунктови. Им се заглагодарувам на сите здравствени работници кои не поддржуваат во оваа акција и на сите матични лекари кои ја поддржаа нашата иницијатива со поканување на нивните пациенти кои се во ризична група, изјави министерот за здравство Беким Сали, во Шуто Оризари од каде започна караванот за вакцинација против Ковид-19.

Во текот на вчерашниот ден, согласно податоците од Институтот за јавно здравје регистрирани се 296 оздравени пациенти и четири починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 1.938.935 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.418, бројот на оздравени пациенти е 292.344, на починати е 9.184, а бројот на активни случаи изнесува 1.890.

Слични содржини