Се уште е затворена границата: Еве колкава е гужвата пред „Богородица“

од Nikola Popovski
104 прегледи

Се уште е затворена македонско-грчката граница после пожарот кој избувна во близина на граничкиот премин „Евзони“ на грчката страна. Според она што може да се забележи на граничниот премин „Богородица“ од македонска страна, има големи гужви и колони.

На нашиот граничен премин, границата не е во функција, а вработените се евакуирани. Колоната на возила, велат, е речиси до Гевгелија.

Како што може да се види од камерите на ЈПДП, пуштени се три ленти за автомобили и една за камиони. Дел од возилата се обидуваат да се вратат назад, но безуспешно, со оглед на големите гужви.

Како што информираат од АМСМ, сите возила се пренасочуваат кон граничниот премин „Дојран“.

„Се преземаат интензивни мерки за гаснење на пожарот и после тоа повторно ќе може да се премине границата. Апелираме до граѓаните да ги упатат жените на граничниот премин додека не биде соопштено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот се нормализира“, соопштија од македонското МВР.

Слични содржини