194
Се уште е активен пожарот во фабриката со бои, лакови и друг вид хемикалии кај тетовското село Фалише.
Иако со значително намален обем се уште има пламен и чад, а пожарникарите продолжуваат со гаснење, информираа изутринава од Центарот за управување со кризи.
Според најавите, се очекува целосно да биде изгаснат во наредните неколу часа.
Граѓаните да останат дома и со затворени прозорци, беше апелот од надлежните. Согорувањето создава отровни и штетни гасови во воздухот.
Во опожарениот објект има околу 100 тони хемикалии. Пожарот избувна вчера утрото околу 10:30 часот.